Кесар уште две години ќе го носи дресот на Пелистер

Пелистер склучи нова соработка со Игор Кесар, кој важи за еден од најдобрите кошаркари во битолската екипа.

Српскиот интернационалец потпиша нов двегодишен договор. 28-годишникот пристигна во Битола на почетокот од 2020 година, кога се раздели со Рилски Спортист.

Денес „зелено-белите“ го потврдија и трансферот на Американецот Тајлер Чиз. Претходно договорот го продолжи Бобан Стајиќ, а ново име во македонскиот прволигаш е Марјан Младеновиќ. 

Пелистерци не ја завршија ланската сезона на посакуваниот начин, иако беа меѓу најдобрите во регуларниот дел.