Јокиќ: Кога ќе бидам стар и дебел ќе им кажувам на децата дека порано играв добра кошарка

Никола Јокиќ втора година по ред ги собра гласови на новинарите во Соединетите Американски Држави и Канада и одново е прогласен за најкорисен играч на сезоната во НБА лигата.

Српскиот ас стана само тринаесеттиот играч во историјата кој е ја добива оваа престижна награда во две последователни сезони. Скромен како и секогаш, Јокиќ опиша како се чувствува по второто признание.

„Сега не размислувам за тоа, но кога ќе бидам стар, дебел и намќор, сигурно ќе се сеќавам на тоа и ќе им кажам на децата дека порано играв добра кошарка. Сите знаат дека јас сум истото момче и ќе останам ист и после ова. Факт е дека сум во друштво на сите оние момци кои ја напишаа историјата во оваа лига и овој спорт. Само тоа значи многу и тоа е неверојатно наследство што останува“, изјави Јокиќ.

Тој им се придружи на Карим Абдул-Џабар, Јенис Антетокумбо, Лери Бирд, Вилт Чембрлен, Стиф Кари, Тим Данкан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Мозес Мелоун, Стив Неш и Бил Расел со повеќе МВП признанија.