Јанис Антетокумбо – од продавање очила на плажа, до врвот на светската кошарка

Јанис

Грчкиот кошаркар Јанис Антетокумбо оваа сезона ја исполни желбата и стана НБА првак. Заедно со Милвоки Бакс, најдобриот дефанзивец во лигата победи со 4-2 во серијата против Феникс Санс.

Овој успех ги навраќа светските медиуми на тешките почетоци на Гркот и неговиот пат до врвот на светската кошарка. Приказната започна со преселбата на неговите родители од Нигерија во Грција во 1991 година.

Тие направија четири деца на грчко тло, а еден од нив беше Јанис. Тој започна да игра кошарка на седум години. Почетокот на животот во Грција не беше лесен за фамилијата Антетокумбо. Таткото работел како куќен мајстор, а мајката како дадилка. Јанис и браќата помагаа со продажба на часовници, чанти и очила за сонце на улиците и грчките плажи.

Кога стигна до младинските категории, новопечениот МВП на финалната серија го привлече вниманието на кошаркарските скаути со својот изглед. Физичката надмоќ го правеше доминантен за конкуренцијата, а се истакна на еден натпревар кога без проблем постигна 50 поени.

На 16 години дебитираше во првиот тим на Филатлитикос, а една година подоцна беше избран како 15-ти пик во првата рунда на НБА драфтот. Дури во тие моменти тој успеа да добие грчко државјанство, кое му овозможи да го брка својот сон во Соединетите Американски Држави.

Сега на 26 години има и еден шампионски прстен. Тоа ќе му овозможи со поголема самодоверба да ја продлабочува легендата во наредните неколку години.