Ја напушти Европа, се врати во САД и порача: Ќе завршам кариера поради вирусов...

Тајрис Рајс, плејмејкерот на грчки Панатинаикос, реши да ја напушти Европа поради коронавирусот и да се врати во САД додека е целата ситуација со коронавирусот.

Рајс е третиот Американец кој се решава на овој чекор, по тренерот Рик Питино и Џимер Фредет. Но, тој најави дека можно е да замине во пензија.

„Поради коронавирусот ќе ја завршам кариерата. Семејството ми е на прво место. Потребно ми е Боговите на кошарката малку да се позанимаваат со оваа ситуација“, порача Рајс.

Човекот кој има 32 години и беше МВП во Евролигата во 2014 година во кариерата играше низ неколку европски клубови, меѓу нив Макаби Тел Авив, Химки, Баерн Минхен...