Грција го прекина шампионатот, Олимпијакос се враќа во Суперлигата

Кошаркарските шампионати најчесто се прекинувани, бидејќи нема доволно термини за пополнување во календарот, како би завршила сезоната 2019/20. Сите четиринаесет клуба во грчката Суперлига постигнаа договор да заврши шампионатот поради коронавирусот и да не биде прогласен шампион.

По итниот состанок, одржан преку конференциска врска, првенството е прекинато, а не е донесено решение дали и кој ќе биде прогласен за шампион. По 20 одиграни кола Панатинаикос е лидер со две победи повеќе од АЕК. На дното се двете солунски екипи Арис и ПАОК, но нема да испаднат, бидејќи идната сезона лигата ќе брои 16 екипи. Една од двете кои ќе влезат во елитното друштво е Олимпијакос, кој минатата сезона административно беше исфрлен во понизок ранг.

Претходно, Словенија исто така го прекина шампионатот, но прогласи шампион. Деновиве се очекува одлука на останатите национални првенства и на Евролигата и Еврокупот.