Филип Бакоч потпиша соработка со Работнички

Екипата на Работнички го обезбеди третото засилување во изминатите седум дена. Нов член на тимот од Градски парк е Филип Бакоч.

26-годишникот досега настапуваше во редовите на Академија ФМП. Претходно беше дел уште од МЗТ Скопје, Еуроникел, АВ Охрид и Карпош Соколи, со кој има настапи и во АБА и БИБЛ лигите. Крилниот центар договори соработка од две сезони.

„Црвено-белите“ во изминатите неколку дена ги договорија американските интернационалци Еј-Џеј Крафорд и Ерик Нотиџ. На центарската позиција пристигна уште и Леонид Тодоровски.

Работнички се надева на подобра сезона од ланската. Фановите очекуваат прифатливи резултати и избегнување на нови разочарувања. Центарци составуваат солиден ростер, за да бидат конкурентни во домашниот шампионат.