Еуро Никел со специјален подарок го испрати Петровски во пензија

Еден од најдобрите кошаркарски плејмејкери кои во последните децении настапувале во Првата лига, Јане Петровски се реши да стави крај на својата богата кариера.

Искусниот организатор на играта по завршувањето на минатата сезона иако доби понуди да остане на паркетот, тој беше решителен во својата одлука и замина во заслужена пензија. 

Негов последен клуб беше Еуро Никел од Кавадарци, кој вчера на отворањето на новата сезона со специјален подарок му се заблагодари на плејмејкерот за неговиот голем придонес во тимот.

36-годишниот скопјанец речиси цела кариера ја мина во македонските клубови, а најголемите успеси ги имаше во дресовите на МЗТ Скопје и Работнички, а за Еуро Никел настапуваше од 2015 година.