Екипите пристигнаа во Белград, четири желби за евролигашката круна

Четирите екипи кои ќе играат на завршниот турнир на Евролигата за сезоната 2021/22 веќе пристигнаа во Белград. Две шпански и по една турска и грчка екипа ќе се борат за титулата која од Келн минатата година ја брани Анадолу Ефес. Бубмејкерите прогнозираат исто финале како пред дванаесет месеци (Анадолу Ефес - Барселона), но свои сметки имаат и Олимпијакос и Реал Мадрид,

Грчките фанови ќе бидат најбројни во главниот град на Србија, а најпријатни спомени од „Штарк Арената“ има Реал Мадрид, кој го освои трофејот кога последен пат завршен турнир се играше во Белград - во 2018 година.

По моментот на форма Реал исто така е во нагорна линија и по црниот април, во мај заигра одлично во серијат против Макаби во Евролигата, а и во Ендеса лигата заврши позитивно пред почетокот на плеј-офот. Со искусни кошаркари како Љуљ и Фернандез, „кралевите“ не се без шанси против Барса, иако сезонава ги загубија сите меѓусебни дуели во првенството, Купот на Кралот и Евролигата.

Денес тренерите и капитените на сите четири екипи ќе говорат пред медиумите, а во попладневите часови ќе тренираат во „Штарк Арената“. Сите билети за овој голем настан се распродадени, а магијата на Ф4 турнирот секогаш носи возбудливи натпревари, па така нека биде и сезонава.