Ѕвездата на Карпош Соколи договори трансфер во Евролигата

Кендрик Пери, најдобриот играч кој заиграл во историјата на Карпош Соколи, а и еден од подобрите странци во историјата на македонската кошарка, ја напушти Цедевита Олимпија и договори голем трансфер.

28-годишниот бек кариерата ќе ја продолжи во Грција, каде ќе го носи дресот на Панатинаикос. Пери така ќе има шанса да игра во Евролигата, првпат во својата богата европска кариера.

Токму Карпош Соколи, клуб за кој настапуваше од 2016 до 2017 година, беше отскочна даска за Пери во европската кошарка. Тој од Карпош направи трансфер во Шолнок, а потоа играше и за Нижни Новогород, Метрополитанс, Мега Бемакс, Цедевита и сега Панатинаикос.