Двометрашот Ѓекиќ го замени Куманово со Еуро Никел

Екипата на Еуро Никел донесе засилување во своите редови од еден од конкурентите и потпиша договор со српскиот кошаркар Бранислав Ѓекиќ.

Ѓекиќ, кој има 29 години и настапува на позицијата крилен центар, минатата сезона ја мина меѓу кумановчани каде се врати пред седум месеци. Но, не ја продолжи соработката, па се пресели во тимот од Кавадарци.

Покрај Куманово, Ѓекиќ е познат на македонската јавност и со настапите во Струмица и Фени Индустри.

Во минатото настапуваше и за Партизан, Мега Визура, Златогор, Београд и Рогашка, па ќе биде сериозно надополнување на ростерот на тимот кој лани играше финале во мак-баскетот.

Претходно, Еуро Никел се засили и со Ивица Димчевски од Гостивар.