Две „мајсторки“ во ист ден, кој ќе игра конференциско финале во НБА?

Јанис

Милвоки Бакс испушти предност од 3-2 и на домашен терен запиша пораз на последното соочување со Бостон Селтикс. Тоа значи дека патникот во конференциското финале ќе го одлучи денешната „мајсторка“.

Актуелниот шампион ќе мора да одигра на далеку подобро ниво, ако сака да остане во игра за одбрана на тронот. Победа ќе значи место во финалето и соочување со Мајами Хит, кој го искористи слободното време за максимално да се опорави од серијата против Филаделфија 76ерс.

Неколку часа подоцна Далас Маверикс ќе гостува кај Феникс Санс во обид да го исфрли еден од фаворитите за највисок пласман. Девин Букер и Крис Пол ќе се обидат да стават крај на сонот на Лука Дончиќ да го оствари најголемиот успех во плеј-оф кариерата.

Голден Стејт Вориорс си ја заврши својата работа и со 4-2 го елиминира Мемфис Гризлис. Тимот на Стив Кер одново ќе игра конференциско финале и ќе се обиде да стигне до меч за титула по пауза од четири години.