ВИДЕО: Дончиќ го чуваа тројца, ама даде луда тројка за победа во последна секунда!

Лука Дончиќ одново беше „алфа и омега“ на Далас во победата над Бостон од 107-104. Мавси испуштија висока предност која ја имаа против Селтикси, па натпреварот влезе во трилер завршница. Во последната минута и половина се играше без ниту еден тим да погоди, а резултатот беше нерешен. 

Тогаш, на сцена стапи неверојатниот словенечки плејмејкер. Течеа последните десет секунди, топката ја презеде Дончиќ од својата половина и тргна напред. Откако дојде во просторот за три поени и зоната за шут, на него веќе имаше тројца чувари од Бостон. Сепак, Дончиќ се крена и упати шут преку нив, падна наназад и чекаше...

  • Последната акција и атракцијата на Дончиќ: 

Времето истече, а топката влезе во мрежата за победа на Маверикси против Селтикси. Дончиќ на себе презеде неверојатна одговорност, ја „победи сирената“ и беше херој на својот тим, па по погодениот шут за три поени следеше лудо славје во „Американ Еирлајнс Центарот“ во Далас.