Денвер заврши огромна работа со новиот договор на Арон Гордон

Гордон

Арон Гордон е задоволен од проектот во Денвер Нагетс, па затоа одлучи да стави потпис на долгогодишен договор со екипата од Колорадо.

Талентираниот кошаркар се обврза на четиригодишна соработка, вклучувајќи ја сезоната 2025/26. Во последната година од договорот ќе има опција да бара нова средина, доколку не е задоволен од квалитетот на тимот или условите.

Денвер се соочи со големи проблеми во изминатиот плеј-оф. Поради повредата на Џамал Мареј не беше на посакуваното ниво и ги заврши настапите со четири порази во низа од финалистот Феникс Санс.

Гордон се очекува да инкасира 92 милиони долари на крајот од овој договор.