Денвер ќе тргне во претсезоната на НБА без Јокиќ

Екипата на Денвер Нагетс ќе мора да ја започне претсезоната во НБА без својот најдобар кошаркар, Никола Јокиќ. 

Српскиот центар пред два дена доби принова, откако му се роди ќерка која го доби името Огњана. Поради тоа, тој призна дека е исцрпен и уморен, па од клубот ќе добие дозвола за продолжен одмор. 

Нагетси ќе тргнат во претсезонските натпревари против Лос Анџелес Клиперси, па ќе играат со Голден Стејт, Минесота и два пати со Оклахома до стартот на регуларната сезона.

Јокиќ подоцна ќе се приклучи на соиграчите, па веројатно нема да игра на првите две средби, но ќе се стави на располагање за финишот од претсезоната.