Дејвис: Леброн не игра валкано, спремни бевме да го заштитиме нашиот брат!

Ентони Дејвис, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, застана во одбрана на својот соиграч Леброн Џејмс. 

„Кралот“ на натпреварот со Детроит Пистонс заработи исклучување во третиот квартал, поради валкан потег и удар со лакт во лицето на Стујард.

<<< ПОВРЗАНО - Џејмс намерно го удри Стујарт во глава, а овој со раскрварено лице го бркаше по цел терен (ВИДЕО) 

„По слободното фрлање двајцата се бореа за топката. Сите знаат дека Леброн не е валкан, штом сфати што направи, го погледна и помисли „Моја грешка, не сакав“.

Не знам што сакаше да направи Стујард. Но, никој од нас немаше да дозволиме да се случи нешто посериозно, бевме подготвени да го заштитиме нашиот брат“, рече Дејвис.

Инаку, натпреварот во Детроит заврши со победа на Лејкерси од 116-121, а до моментот на исклучувањето Леброн имаше 10 поени.