Дарил Стротер го напушти Чаир и потпиша за Куманово!

Македонскиот кошаркарски прволигаш Куманово доведе големо засилување за продолжувањето на шампионатот на Македонија. Нов член на кумановчани е Дарил Стротер. Американецот во досегашниот дел на сезоната го носеше дресот на Чаир 2030, но по само осум кола се одлучи да си замине од Скопје, но не и од Македонија.

Куманово му понуди договор до крајот на сезоната и Стротер веќе тренира со своите нови соиграчи. 24-годишниот Американец висок е 178 сантиметри, игра на бековската позиција и дебитираше сезонава баш против Куманово и постигна 27 поени за 35 минути во победата на новиот прволигаш со 79-87.

Во осум одиграни натпревари во просек постигнуваше 5,1 поени, а имаше и 1,4 скока и 1,4 асистенции.

Своето деби во дресот на Куманово, Стротер ќе го има против Навико ФМП Академија викендов.