ВИДЕО: Далас ја доби драмата со Бостон, Портланд им нанесе нов пораз на Лејкерси

Кошаркарите на Далас Маверикс ја добија драмата против Бостон Селтикс и славеа со 107-104 во својот „Американ Еирлајнс Центар“. Предводени од одличниот Лука Дончиќ, кој беше човек на одлука Мавси дојдоа до шестата победа по девет натпревари. Домашните кошаркари одиграа одличен прв дел, водеа со огромна разлика, ама се опуштија. Поради тоа Бостон успеа да го доведе мечот до драма. Сепак, концентрацијата на Селтикси опадна и загубија во Далас. 

  • Денвер Нагетс - Бостон Селтикс: 

Најефикасен на овој натпревар беше Лука Дончиќ со 33 поени, а собра и девет скока. Кај Бостон, Џејсон Тејтум со 32 поени и 11 скока имаше „дабл-дабл“. 

Втор пораз во низа запишаа Лос Анџелес Лејкерс, кои без Леброн Џејмс капитулираа во Портланд (105-90). Дејмиен Лилард и Јусуф Нуркиќ ги предводеа Треилблејзерси до победата на оваа домашна средба. Плејмејкерот собра 25 поени на своето конто, додека босанскиот центар со 15 поени и 17 скока беше одличен во два правци. 

  • Портланд Треилблејзерс - ЛА Лејкерс: 

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до миминален домашен триумф против Хјустон (95-94). Српскиот ас со силен „дабл-дабл“ од 28 поени и 14 скока беше најдобар во „Бол Арена“, а Нагетси по два порази се вратија на победите во НБА лигата. Во редовите на Хјустон со 18 поени најефикасен беше Теис, но двоен ефект од 12 поени и 17 скока имаше Крис Вуд. 

  • Денвер Нагетс - Хјустон Рокетс:

На останатите терени Мајами славеше со Јута (118-115), Филаделфија победи во Чикаго (105-114) и Феникс беше подобар од Атланта (121-117).