ВИДЕО: Далас го декласира Феникс и ја доби „мајсторката“ во Аризона

Далас

Далас Маверикс е вториот финалист во Западната конференција на НАБ-плеј-офот. Лука Дончиќ го водеше својот тим во убедлив триумф на гостувањето кај Феникс Санс во седмиот натпревар од серијата (90-123).

Уште од самиот почеток гостите покажаа одлична игра и веднаш направија разлика. Девин Букер и Крис Пол потфрлија и не можеа да одговорат на серијата со која тимот од Тексас побегна на убедлива позитива по првиот дел.

Во еден момент Далас имаше и +46, што остави простор останатите играчи да се разиграат. Дончиќ остана на клупата во последната четвртина, за да одмори максимално пред почетокот на финалната серија против Голден Стејт Вориорс.

Словенецот запиша 35 поени, а одличен беше и Спенсер Динвиди со 30 поени. Кај домашната екипа Букер постигна 11, а Пол разочара и заврши со 10 поени.