Црвена Звезда славеше во „ролеркостерот“ со Будуќност

Регионалниот кошаркарски првак Црвена Звезда продолжи да победува во АБА-лигата. Пред белграѓани падна еден од најсериозните ривали Будуќност (71-63) во еден возбудлив дуел со пресврти.

  • Црвена Звезда - Будуќност 71-63:

Дуелот почна во знакот на домашниот тим и се беше под контрола, се до третиот квартал кога ривалот од Црна Гора влезе во ритам и го сврте мечот во своја корист. Сепак, искуството на Црвена Звезда исплива на површина во последниот период, одбраната си ја заврши работата, а нападот функционираше перфектно предводен од Лука Митровиќ.

Токму Лука Митровиќ одигра натпревар како во најдобрите денови со 19 реализирани поени. Тој на листата на стрелци кај Звезда беше пред Кузмиќ и Калиниќ со по 13 поени, додека кај црногорскиот шампион Ди Џеј Сали имаше 19 поени, пред Вили Рид со 15 поени.

Во вториот АБА-дуел, Цибона во драматичен натпревар по продолженија славеше над Мега (89-84). Ројверс со 24 поени беше најефикасен, пред Вилдос со поен помалку, а Гегиќ финишира со 15 поени. На спротивната страна, Симаниќ постигна 21 поен, со уште девет скока.