ВИДЕО: Бруклин ги надигра Лејкерси на отворањето на НБА-претсезоната

Се доближува стартот на новата НБА сезона, а веќе започнаа да се играат и претсезонските натпреварот. Ноќва со дуелот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин Нетс почна претсезоната. „Мрежичките“ од Бруклин извојуваа победа од 97-123.

Кем Томас со 21 поен беше најефикасен во победничката екипа, откако добрата форма ја надоврза со признанието за МВП на летната лига. Малик Монк со 15 поени  и Ентони Дејвис со 11 поени и шест скока беа најдобри кај „езерџиите“.

Бруклин настапи без Кајри Ирвинг, кој одбива да се вакцинира, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Блејк Грифин, Џо Херис, Пети Милс и Џејмс Џонсон, а кај Лејкерси недостигаа Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Тревор Ариза и Кармело Ентони.