ВИДЕО: Бостон го декласира Милвоки во „мајсторката“ и се чекира во источното финале

Кошаркарите на Бостон Селтикс се финалисти на Источната конференција во НБА плеј-офот. „Зелените“ го совладаа последниот шампион Милвоки Бакс во седмиот натпревар од серијата со убедлив резултат од 109-81. Противник на тимот од Масачусетс во финалето на Истокот ќе биде Мајами, кој со 4-2 во победи ја елиминира Филаделфија и ќе ја има предноста на домашниот терен, бидејќи имаше подобар скор во регуларниот дел. Херој на победата на Бостон беше 23-годишниот Грант Вилијамс, кој од втор план и во одлична партија го скрши ривалот со 27 поени (7/18 тројки).

Во седмиот натпревар „келтите“ демонстрираа зошто нивната одбрана е една од историски најдобрите во НБА. На мал број поени ги задржа Јанис Антетокумба од Бостон и соиграчите, а на крајот од седмиот натпревар беше видливо колку на тимот од Висконсин му недостига Крис Мидлтон, втората напаѓачка опција во тешките моменти.

Се играше доста тврдо и неизвесно, а во поголемиот дел од полувремето предност имаа гостите од Милвоки, а во еден момент од првата четвртина изнесуваше и 10 поени. Сепак, во третата четвртина следуваше голема серија на Бостон и на крајот од тој период стигна до +16. Во последната четвртина немаше изненадувања и Бостон дојде до огромна победа и пласман во финалето на конференцијата.

На крајот од дуелот најефикасен кај Бостон беше Грант Вилијамс со 27 поени, го следеше Џејсон Тејтум со 23 поени, шест скока и осум асистенции, но и седум загубени топки. Џејлен Браун постигна 19, Пејтон Причард 14 поени, а најдобриот одбранбен играч на сезоната, Маркус Смарт дуелот го заврши со 10 поени, седум скока и десет асистенции.

Во поразениот тим Јанис Антетокумбо во финалето одигра 43 минути и за тоа време постигна 25 поени и собра 20 скока, девет асистенции и пет загубени топки. 

На Западот е познат еден финалист - Голден Стејт Вориорс, кој го победи Мемфис со 4-2, а вториот финалист на конференцијата го решава седмиот натпревар од серијата, кој во Феникс го играат домашните Санс и Далас Маверикс.