„Бомба“ од Атина: ПАО се засилува со Амаре Стадемаер!?

Грчките медиуми пренесоа шокантна информација која вели дека поранешна НБА ѕвезда ќе го засили тимот на Панатинаикос.

Се работи за Амаре Стадемаер, кој е познат по своите настапи за Феникс, Мајами, Њујорк и Далас. Своевремено беше избран како деветти пик на драфтот, а потоа формираше феноменално напаѓачко дуо со Стив Неш.

По кариерата во САД, американскиот кошаркар беше дел од израелското и кинеското првенство. 

Сега повторно би можел да се врати на стариот континент и да заигра во Евролигата. Наводно, ПАО е подготвен да му понуди договор и да го засили ростерот со неговите услуги.

Останува да видиме каков ќе биде конечниот исход од преговорите со 37-годишниот ветеран...