Ангели дебитира во Прва лига, примарна цел останок во елитата

По фантастичната ланска сезона, во која испиша историја, екипата на Ангели денес ќе дебитира во македонската елитна кошарка и против Куманово ќе ја брка првата победа.

Тренерот Горан Ѓорѓиевски вели дека предизвикот кој што го имаат пред нив е огромен и нивна главна цел оваа сезона ќе биде опстанок во Првата лига.

„Како тренер на КК Ангели во првата, односно деби сезона во историјата на клубот, очекувањата, како мои, како тренер така и амбицијата на клубот е да се претставивме во што подобро светло. Односно од натпревар во натпревар да играме сè подобро и подобро Предизвикот е огромен, покрај странците во екипата, сакаме да им дадеме шанса и на останатите наши млади играчи кои го изборија пласманот во највисокиот ранг. И со самото тоа и да ги однесеме на едно повисоко ниво во нивната игра. Секако примарна цел е опстанок во најелитното натпреварување“, вели Ѓорѓиевски.

Дуелот меѓу Куманово и Ангели се игра денес, со почеток од 18:00 часот.