Академија ФМП доведе две американски засилувања

Ovens

Македонскиот прволигаш Академија ФМП ги реши адмнистративните пречки, па сега се фокусира на градење на ростерот, во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

Во изминатиот период екипата од Кисела Вода претстави две засилувања. Тоа беа Предраг Пајиќ, кој доjде од Пелистер и Габриел Косковски, кој пристигна од редовите на МЗТ Скопје Уни Банка.

Сега ростерот на Никола Божиноски ќе биде посилен за уште двајца интернационалци. Дресот на Академија ФМП во новата сезона ќе го претставуваат уште Чендлер Џонс и Закари Овенс.

На отворањето на сезоната Академија, на осми октомври, ќе се надигрува на домашен терен со екипата на Кожув.