АБА лигата го смени системот на натпреварување, шест екипи ќе играат плеј-оф

Регионалната АБА лига ги исполни барањата на кошаркарските федерации на Црна Гора, Словенија и Србија и го премести деветтото коло, со што репрезентациите ќе имаат повеќе време да ги подготват обврските во квалификациите за Светското првенство 2023 година.

Според новиот систем на натпреварување во АБА лигата, во сезоната 2021/22, пласман во плеј-офот ќе остварат шесте најдобро пласирани екипи од лигашкиот дел, беше одлучено на Собранието на регионалното кошаркарско натпреварување.

Две првопласирани екипи од лигата ќе остварат директен пласман во полуфиналето, додека четири учесници во плеј-офот ќе играат за пласман во полуфиналето. Разигрувањето за пласман во полуфиналето ќе се игра според системот третопласираниот со шестопласираниот и четвртиот против петтиот, во серија до две победи. Како и досега, полуфиналето од плеј-офот ќе се игра на две победи, а финалето до три победи.

Беше донесена одлука да се игра според правилата на ФИБА во сите АБА натпревари.