ВИДЕО: Русија ја победи Чешка и ќе игра за златен медал првпат по Албервил 1992 година

Русија Чешка

Василиј Кошечкин одигра фантастично во полуфиналето и ја водеше Русија кон сигурна победа од 3-0 против Чешка за финале на Зимските Олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Русите извојуваа победа најмногу благодарение на головите во вториот период на Владислав Гавиков и Никита Гусев. Последниот златен медал за руската репрезентација датира од далечната 1992 година во Албервил.

Во второто полуфинале ќе играат Германија и Канада, а големото финале е закажано за в недела.