ВИДЕО: Русија е нов олимписки првак во хокеј на мраз, победена Германија за прво злато по 26 години

РУсија хокеј

Репрезентацијата на Русија го доби драматичното финале против Германија (4-3) и го освои златниот медал на хокеарскиот тунрнир на Зимските Олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

Победничкиот погодок во продолжението го постигна Кирил Капризов, кој ја израдува руската нација за првпат по далечната 1992 година и Зимските Олимписки игри во Албервил. Најдобриот руски хокејар го заврши мечот со три асистенции, кои му помогнаа на тимот да се израдува на најсјајниот медал првпат во модерната ера.

Иако на крај не се интонираше руската химна, ентузијазмот кај репрезентативците и навивачите не стивнуваше, а на трибините можеше да се забележи огромен број на фанови со маички на кои пишуваше „РУСИЈА ВО МОЕТО СРЦЕ“.

Русија стана само втората репрезентација, која го освоила златниот медал, а натпреварувањето го отворила со пораз. Тоа и успеа само уште на Канада во 2002 година.