ВИДЕО: Хокеарите на Колорадо го освоија Президент Купот

Еден од фаворитите, НХЛ-тимот на Колорадо има причини за славје. Со победата над тимот на Лос Анџелес со 5-1 во последниот натпревар од регуларната сезона во НХЛ лигата, Колорадо е победник на Президент Купот. Тимот од Денвер освои 82 бода и стана шампион на Западната дивизија. Вегас исто така освои 82 поени, но има помалку победи во основното време.

Колорадо го освои Президент купот по третпат во својата историја. Последен пат клубот го освои трофејот во сезоната 2000/01, по што стана сопственик на Стенли Купот. Само осум екипи кои го освоија Президент купот, истата сезона го освоија Стенли Купот.

Како најдобар тим по регуларниот дел од сезоната, Колорадо ќа ја има предност на домашната арена во четири кола од плеј-офот.