• Горан Упале

Еден од најдобрите голф играчи во историјата на овој спорт, Тајгер Вудс, синоќа најави дека најверојатно од идниот месец повторно ќе се врати на терените, поточно ќе настапи на турнирот во Калифорнија.
Освојувачот на 14 трофеи на големите турнири уште од август минатата година поради серијата повреди и операции е надвор од голферските терени, пропуштајќи ги сите четири големи турнири, за првпат во неговата кариера.
„Од понатамошното напредување и заздравување зависи дали ќе се вратам идниот месец. Искрено се надевам дека ќе бидам подготвен“, изјави 40-годишниот Вудс.
До турнирот во Калифорнија кој на програмата е од 13 до 16 октомври на Вудс му преостанe уште еден месец за заздравување и сигурно секој фан на овој спорт посакува што поскоро да се врати на местата каде владее подолг период.