„Знаевме дека нема да биде лесно со Македонија, ова се најслатки победи...“

Босна и Херцеговина со многу среќа и помош на судиите ја победи Македонија во квалификациите за Европското првенство.

ПОВРЗАНО >>> Каква неправда: Босна со „фантомски“ гол ја победи Македонија! (ВИДЕО)

Херој на гостите беше Билал Јелиќ кој реализира за конечни 2-3 во последните секунди од мечот. Босанскиот репрезентативец изјави дека ваквите победи се најслатки.

„Знаевме дека нема да биде лесен натпревар против Македонија. Дојдовме да одиграме сериозно. Сакавме да минеме без повреди, но во исто време да продолжиме со серијата победи, бидејќи секој триумф е важен за нас. Имавме голема желба и волја и топката нè награди во последните секунди од натпреварот. Ова се најслатките победи“, изјави Јелиќ.

Македонската репрезентација на пет меча во квалификациите има две реми средби и три порази. Следен предизвик за нашиот национален тим за пет дена ќе биде Романија.