Шкупи доби нов тренер, Агуши ќе ги води футсалците од Чаир

Еден од најдобрите македонски футсал клубови - Шкупи со нов тренер на клупата ќе ја започне новата сезона. 

За нов кормилар на чаирчани е именуван Ферид Агуши, поранешен член на Шкупи и репрезентативец на Македонија, со над сто настапи зад националниот дрес. Агуши ќе го замени Зоран Лекиќ, кој во иднина ќе работи со надежите на клубот. Исто така, Лекиќ моментално ја има улогата на селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Инаку, минатата сезона Шкупи титулата во домашниот шампионат ја загуби надвор од теренот, откако поради ковид-проблемите првенството беше прекинато и за првак беше крунисан тимот на КМФ Проект Цико.