Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ се враќа по една година

По едногодишна пауза поради ковид-пандемијата, ве информираме дека оваа година ќе се одржи осумнаесеттиот традиционален меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“. Подготовките се веќе започнати, а пријавувањето на екипи официјално ќе започне на 1 август,и ќе трае до 28 август.

Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 30 август, а стартот на турнирот е закажан како и секогаш традиционално на 1 септември со почеток во 20:00 часот на игралиштето „Сокол“ во ООУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1.

Турнирот ќе биде отворен со ревијален натпревар помеѓу футсал репрезентацијата на Македонија и репрезентација од поранешните југословенски простори која засега не се открива. Бројот на тимови е ограничен на 48 екипи.