ВИДЕО: КМФ Проект со осум гола за „друидите“ до втор триумф во ЛШ

Македонскиот футсал првак КМФ Проект ја забележа втората победа во претквалификациската фаза од Лигата на шампионите и славеше над Цефн Друидс (8-1) од Велс, па сигурно чекори кон следната рунда.

Разликата меѓу двата тима беше евидентна и во двете полувремиња, па македонскиот тим заслужено се радува на триумфот. Ова беше второ супер-издание, по она во првото коло против Долфинс од Израел (6-0).

Хет-трик во мрежата на велшкиот првак постигна Ранготов, по два гола беа дело на Мехмедовиќ и Михајлов, додека еднаш стрелаше Тодоровски.

КМФ Проект во третото коло од Лигата на шампионите ќе игра со Луксол Сент Андрјус од Малта. Мечот е закажан на 24 август од 20:00 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија. Овој меч ќе биде борба за првото место во групата.