Хет-трик на Петровиќ, КМФ Проект ги улови „делфините“ во ЛШ

Македонскиот фудбалски првак КМФ Проект тргна успешно во Лигата на шампионите и на турнирот на домашен терен во првиот натпревар беше подобар од израелскиот ривал Долфинс Ашдод (0-6).

Нашите футсалци одиграа според планот и запишаа висока победа. Хет-трик во мрежата на противникот постигна Драган Петровиќ, додека по еднаш во листата на стрелците се најдоа Тодоровски, Диеунов и Крстевски.

КМФ Проект постигна по три гола во двете полувремиња. Следниот натпревар, втор на програмата, македонскиот првак го игра утре (недела) од 20:00 часот, а противник е Цефн Друидс од Велс.