Десеткуваната Македонија доживеа дебакл за крај кај Романија

Футсал репрезентацијата на Македонија со убедлив пораз од Романија (9-1) ги заврши квалификациите за Европското првенство (ЕП) во кои нашиот национален тим немаше шанса за следна рунда.

  • Комплетниот натпревар на Романија и Македонија:

На овој меч Македонија беше десеткувана, затоа што селекторот Васко Скендеровски не можеше да смета на неколку првотимци. Тоа се одрази и на теренот, на кој Романците беа тотално доминантни и до врв ја наполнија нашата мрежа.

Фелипе Оливеира даде хет-трик, Рибеиро и Валадарес запишаа по два гола, а Пауло Фереира и Шоц стрелаа по еднаш. За Македонија единствен стрелец на дуелот во Плоешти беше Петровиќ.

Македонија ги заврши квалификациите на последното место во групата без ниту една победа, две нерешени со Србија на гости и Романија дома, како и уште четири порази.