Каква неправда: Босна со „фантомски“ гол ја победи Македонија! (ВИДЕО)

MKD

Македонската футсал репрезентација го доживеа третиот пораз во квалификациите за Европското првенство.

Со цел плен од Скопје си замина Босна и Херцеговина, која во самиот финиш постигна погодок за победа. Поточно на 12 секунди до крајот реализира Билал Јелиќ за конечни 2-3. 

Моментот во финишот донесе бурна реакција од македонската клупа. Судиите признаа погодок, но снимката покажува дека можеби топката не ја мина гол-линијата.

  • Погодокот на Јелиќ во завршницата против Македонија:

Македонија е последна во групата 4 со две реми средби и три порази. Следен противник за нашата репрезентација е Романија со која ќе се соочи на 14 април.