Зијеч: Одигравме моќно, голот за водство дојде во вистински момент 

Фудбалерот на мароканската фудбалска репрезентација Хаким Зијеч го понесе епитетот играч на натпреварот во победата на Мароко против Белгија со 2-0. Фудбалерот на Челзи не беше дел од селекцијата која се пласира на Мундијалот, заради конфликтот со Вахид Халилхоџиќ, но по смената на босанскиот стручњак, се врати во дресот со државниот грб.

„Одигравме моќен натпревар, особено во одбраната. Ги чекавме нивните грешки и мислам дека благодарение на тоа поведовме и постигнавме гол во вистински момент.

Првиот натпревар против Хрватска ни беше потежок. Не можевме да ја играме нашата игра, Хрватска одигра многу добто против нас“, изјави Зијеч.

Мароко е првата африканска репрезентација која играла мундијалско осминафинале, на Светското првенство во Мексико, а сега се надева на повторување на тој успех. Реми или победа против Канада би значел сензационален успех.

Состави

Роберто Мартинез

3-5-2

    Валид Реграги

    4-1-4-1