Жесус: Реал Мадрид е шампионска екипа и има менталитет да победи за две минути

Фудбалерите на Спортинг Лисабон ги делеа неколку минути од победа против актуелниот шампион Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и на крајот, иако водеа до 88. минута, останаа со „празни раце“. По натпреварот тренерот Жорж Жесус изјави дека е задоволен од неговите фудбалери, но им недостигаше искуство во самата завршница.

„Ние ги знаеме нашите квалитети без разлика против кој играме. Спортинг резултатски беше одличен до 88. минута и од тогаш Мадрид направи целосен пресврт. Одигравме одличен натпревар, но ни недостига искуство во завршницата. Голот на Роналдо беше прекрасен и само потврди дека е најдобриот играч на светот. На крајот мислам дека нашите 5.000 фанови кои дојдоа да ни дадат поддршка заслужија повеќе. Но, тие се шампиони и имаат менталитет да го свртат натпреварот за две минути“, изјави по натпреварот тренерот на Спортинг.

Во наредното коло Спортинг на домашен терен игра против тимот на Легија, додека Реал Мадрид ќе гостува во Германија, кај Борусија Дортмунд.