Ждрепка ЛЕ: Барселона налета на Манчестер Јунајтед, Јувентус и Рома минаа добро

Откако беа извлечени осминафиналните парови во Лигата на шампионите, УЕФА во Нион продолжи со останатите натпреварувања. Втора на ред беше ждрепката за Лигата на Европа, односно дуелите за шеснаестинафиналето. 

Македонија пролетва ќе има еден претставник, но во осминафиналето бидејќи Фенербахче и Езџан Алиоски завршија на првото место. Во оваа фаза на натпреварувањето второпласираните од групите одат на мегдан со третопласираните во Лигата на шампионите, кои се приклучуваат на Лигата на Европа. Среќата посака огромно дерби уште во плеј-офот меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед, додека Јувентус и Рома добија поволни противници.

  • Парови за првата плеј-оф рунда во Лигата на Европа:

Барселона - Манчестер Јунајтед
Јувентус - Нант
Спортинг - Мидтјиланд
Шахтјор - Рен
Ајакс - Унион Берлин
Баер Леверкузен - Монако
Севиља - ПСВ
Рома - Салцбург

Арсенал, Фенербахче, Бетис, Унион СЖ, Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург и Ференцварош како победници во групите ќе се вклучат во следната ждрепка за осминафинале.

Екипите кои беа дел од ова натпреварување имаат предност и првите натпревари на 16 февруари ќе ги играат на гости, додека реваншите седум дена подоцна дома. Осминафиналето во Лигата на Европа ќе се игра на деветти и 16 март, четвртфиналето на 13 и 20 април, полуфиналната фаза е на програмата на 11 и 18 мај.

Големото финале во Будимпешта е закажано за 31 мај.