Заврши приказната на Гатузо и Валенсија, „лилјаците“ ќе добијат нов тренер

Италијанскиот стручњак Џенаро Гатузо и Валенсија меѓусебно ја прекинаа соработката, објави денес шпанскиот клуб на својот официјален Твитер профил.

„Валенсија соопштува дека клубот и тренерот на првиот тим Џенаро Гатузо меѓусебно го раскинаа договорниот однос кој го поврза италијанскиот тренер со тимот. Клубот му се заблагодарува на тренерот за неговиот ангажман и работа во изминатите месеци и му посакува успеси во иднина“, стои во соопштението на Валенсија.

Гатузо досега во кариерата ги водеше Пиза, Наполи, Милан, ОФИ од Крит, Палермо и Сион.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.