ВИДЕО: Затоа го бара половина Европа - Стефан Ристовски помина како „БРЗ ВОЗ“ низ одбраната на ТНС

Стефан Ристовски

Хрватскиот шампион, Ријека одигра убедливо на гостувањето кај велшки ТНС и славеше со 1-5. Стефан Ристовски и Леонард Жута го започнаа мечот од првата минута, а десниот бек на македонската репрезентација успеа и да се надоврзе на голеадата со свој погодок.

25-годишниот дефанзивец е познат по своите офанзивни задачи, а по одличната асистенција на Горгон, истрча како „брз воз“ низ одбраната на противникот и со прекрасен удар се запиша во листата на стрелци.

Во следното коло, нашите интернационалци со хрватскиот тим најверојатно ќе се соочат со австрискиот шампион, Салзбург.