Захариевски: Струга заличи на тимот од пред еден месец, против Брегалница одигравме одлично

Екипата на Струга Трим Љум го одбрани домашниот терен и со сигурна победа над Брегалница од 2-0 се пласира во полуфиналето од Купот на Македонија.

Лидерот во ПМФЛ беше во мини-криза, но во вистински момент се издигна и како што вели тренерот Срѓан Захариевски конечно Струга заличи на тимот од пред еден месец, кога беше во серија од осум првенствени победи.

„Против Брегалница одигравме многу добар натпревар, на кој можам да кажам дека заличивме на екипата од пред еден месец и се надевам дека ова ќе биде добра увертира за саботниот натпревар со квалитетната екипа на Шкендија”, рече стратегот на Струга.

Покрај стружани, во полуфиналето од Купот на Македонија се пласираа уште Шкендија (службени 3-0 против Шкупи), Силекс (победа по пеналите против Вардар) и Македонија ЃП (победата од 1-0 против Академија Пандев).