Вотфорд назначи нов менаџер и го налути Форест Грин: „Ако има карма во фудбалот...“

Екипата на Вотфорд испадна од Премиер лигата и се раздели со искусниот Рој Хоџсон, а тимот во Чемпионшип ќе го води Роб Едвардс.

39-годишниот тренер доаѓа од Форест Грин Роверс, клуб со кој ја освои Лига 2 и го одведе тимот во третото по ранг натпреварување на Англија. Информацијата дека Едвардс е нов менаџер на Вотфорд ги налути челниците на Форест Грин кои тврдат дека преговорите се воделе зад нивниот грб.

„Ако има карма во фудбалот, тие ќе играат во Чемпионшип и ќе се сретнеме со нив за неколку години. Едвардс рече дека Вотфорд го советувал да чува сè во тајност од нас, што е мизерно од нивна страна. Мислев дека подобро го познавам како личност“, изјави сопственикот на Форест Грин, Дејл Вајнс.

Поранешниот велшки репрезентативец настапуваше за Астон Вила, Вулверхемптон, Блекпул и Барнсли, а како тренер, покрај Форест Грин, ги водеше уште Вулверхемптон и Телфорд.