Волфсбург го отпушти Ван Бомел, Фронцек привремено решение

Само четири месеци траеше германската авантуеа на Марк Ван Бомел, Тој доби отказ од учесникот во Лигата на шампионите, откако врза еден месец без победа како предводник на Волфсбург.

Бундеслигашот се определи за такво решение и ја прекина соработката со „волците“, кои влегоа во резултатска криза. Неговиот помошник Михаел Фронцек е привремено решение на кормилото, додека не биде именуван новиот тренер. 

Според медиумите, како можни наследници на Ван Бомел се потенцираат имињата на Флоријан Конфелд,  Един Терзиќ и Доменико Тедеско.

Волфсбург е деветти со 13 бода во Бундеслигата и освои два бода во три наторевари од групната фаза на Лигата на шампионите.