• Горан Упале

Диего Коста остана на клупата за резерви во поразот на Вулверхемптон од Лидс со 2-4, но искусниот напаѓач, иако не влезе во игра одново, беше во центарот на вниманието откако се вжешстија страстите на „Молину“.
Гостите последниот погодок го постигнаа во 97. минута, кога стрелаше Родриго, но домаќините видно незадоволни почнаа да протестираат, сметајки дека играчот од средниот ред на Лидс, Марк Рока претходно направил прекршок врз Адама Траоре.
Тие тврдења беа потврдени и од ВАР собата, од каде побараа од главниот судија Салсбери да го прегледа голот на неговиот монитор покрај теренот. И покрај протестите на „волците“, Салсбери не виде причина да ја промени првичната одлука и голот остана на сила.
— Footy2206 (@footy66) March 18, 2023
Можеби најнервозен кај домашните беше играчот од средниот ред Матеус Њунес, кој поради протести доби црвен картон, а потоа истрча кон судијата. Тогаш се случи чудо. „Дивјакот“ Диего Коста се најде во улога на „миротворец“.
За време на неговата богата кариера, поранешниот шпански репрезентативец обично никогаш не бил далеку од проблеми, како што е овој случај на „Молину“.