Влог за иднината: Работнички парафира со младиот Попоски

Младиот и талентиран фудбалер Димитриј Попоски е нов член на Работнички. Тој има 19 години, доаѓа од редовите на Борец и игра на левата бековска позиција.

Попоски претходно настапувал и за младинските академии на Вардар и на Њу Старс. Тој треба да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција и претставува иднина на клубот, поради неговиот потенцијал.

Работнички е познат како клуб кој им дава шанса на младите имиња да се докажат на домашната сцена, па со ангажманот на Попоски продолжува овој тренд. Претходно, „романтичарите“ ги донесоа Арбин Зејнулаи и Анес Рушевиќ.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк