Влаховиќ испрати порака по поразот: „Овие партии болат, но научив нешто...“

Фудбалерите на Јувентус загубија од Интер во финалето на Копа Италија со 2-4 по продолженија на „Олимпико“ во Рим. Иако „старата дама“ имаше водство, не успеа да го задржи и го загуби дуелот против лутиот ривал. 

Стрелец на еден погодок ви финалето беше Душан Влаховиќ, а српскиот напаѓач реши да испрати порака на социјалните мрежи по натпреварот.

„Овие порази болат, но научив една работа. Подготвен сум да одам со тебе до пеколот, ако тоа нè врати во рајот“, напиша Влаховиќ. 

Јувентус игра лоша сезона, првпат по 2011 година не дојде до домашен трофеј и поради тоа Масимилијано Алегри и неговите избраници се најдоа на мета на критики.