ФОТО: „Вилијан со диета како Азар“ – Англичаните се шегуваат со ѕвездата на Арсенал

Вилијан

Требаше да биде големо засилување од Челзи, но на крај Вилијан ги разочара фановите на Арсенал и не оправда ниту мал дел од вложените средства во него.

Уште поголемо разочарување донесе формата во која што Бразилецот се појави на подготовките на „топџиите“. 32-годишникот беше на одмор во Сoединетите Американски Држави и Дубаи, а очигледно е дека се опуштил повеќе од тоа што е дозволено за натпреварување на високо ниво.

Англиските фанови си играат сеир со ѕвездата на лондонскиот клуб. Сите го споредија со Еден Азар и неговиот изглед, откако потпиша со Реал Мадрид.

Бразилскиот ас има малку време за да ја поправи физичката форма, во пресрет на новата сезона. Договорот со Арсенал му носи вртоглави 220.000 фунти неделна плата, па тоа е дополнителна причина за незадоволство на „Емирати“.