ВИДЕО: Виера „потона“ од тага, Лаказет во 94. минута го спаси Арсенал од пораз во ПЛ

Фудбалерите на Арсенал одново ги разочараа своите фанови, откако по ремито со Брајтон во претходното коло, вечерва испуштија предност против Кристал Палас и останаа без планирана победа на својот „Емирати“.

„Топџиите“ лошо ја отворија сезоната и Микел Артета повторно беше под голем притисок, но неговите избраници за краток период се консолидираа, влегоа во посакуваниот ритам и врзаа три победи. Сепак, се чини дека силното темпо кое им донесе девет бода, не можат да го наметнат и издражат на секој натпревар, а така беше и вечерва, откако поведоа со 1-0, но во самиот финиш на среќен начин се спасуваа од нов пораз (2-2).

  • Избештај од натпреварот.

Резултатот на „Емирати“ го отвори капитенот Обамејанг, кој уште во осмата минута се најде на вистинско место во вистинско време и од отпадок ја смести топката во празната мрежа на „орлите“, откако Гуаита со фантастична парада спречи спектакуларен гол на Пепе.

На полувреме Арсенал замина со минимална позитива, но само што започна вториот дел искусниот Бентеке донесе молк на трибините и израмнување на 1-1. Веднаш по погодокот на Белгиецот, се закани и Ају, а комплетниот пресврт на четата на поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виера, го донесе Едуард со ефектен гол во мрежата на Лено. Сепак, во самиот финиш легендата на лондонскиот гигант „потона“ во тага, затоа што Лаказет најдобро се снајде во мешаницата пред гостинскиот гол и погоди за конечни 2-2.

Со ова реми Арсенал остана на дванаесеттата позиција на табелата со 11 бода, колку што има и Лестер Сити. Кристал Палас, пак, го зазема 14. место со само една победа и пет реми исходи.

Состави

Микел Артета

4-2-3-1

    Patrick Vieira

    4-3-3