Виеира разочаран: Жал ми е за момците, заслужија да го победат Арсенал

Патрик Виеира, менаџерот на Кристал Палас и легенда на Арсенал, жали што неговиот тим ја испушти победата против својот поранешен клуб, но верува дека лондонските „орли“ ќе излезат посилни од овој натпревар.

Кристал Палас одигра сосема коректно второ полувреме на „Емирати“ и со два гола направи пресврт и го презеде водството, но во самиот финиш Лаказет погоди за конечни 2-2.

„Бевме толку блиску, но тоа ни се случува премногу често. Мораме да извлечеме поуки од натпреварите што ги игравме претходно. Навистина сум разочаран од конечниот исход, мислам дека ја заслуживме победата. Жал ми е за играчите.

Покажаа карактер и беа храбри, но тешко е да се прифати таков гол во 95. минута. Немавме среќа вечерва, но верувам дека ваквите игри ќе нè зајакнат“, рече Патрик Виеира.

Тимот на францускиот стратег и во претходното коло доживеа ваков шок, затоа што против Брајтон остана без победа буквално во последните моменти од натпреварот (1-1).

Состави

Микел Артета

4-2-3-1

    Patrick Vieira

    4-3-3